Директор

Direktor_Marija

 

Марија Јаническа е избрана за директорка на Оперативно-техничката агенција со Одлука на Собранието на Република Северна Македонија од 27.11.2023 година.

Професионалната кариера ја гради како правен експерт, раководител и државен советник во приватниот и јавниот сектор, работејќи на имплементација на значајни проекти во областа на електронските комуникации, безбедносниот систем, заштитата на приватноста и GDPR, учествувајќи во спроведување на деловните потфати во областа на телекомуникациите, како и во различни проекти за дигитална трансформација. Во рамки на своето професионално делување, Марија Јаническа активно учествува во  раководење со луѓе и процеси во областите од регулативата, правните работи, човечките ресурси, заштитата на личните податоци, финансиското работење, безбедноста, како и давање на поддршка на процесите и дејностите на организациите во кои работи, преку учество во развојот и имплементацијата на организациските стратегија, мисија и визија, претставување на организацијата, комуникација со соработниците, пратениците во Собранието на РСМ, овластените агенции и органи, телекомуникациските оператори, Владата на РСМ и органите на државната управа, претставници од граѓанскиот сектор, како и претставници на мисиите на НАТО и ЕУ.

Во периодот од март 2019 година до стапувањето на функцијата директорка на Оперативно-техничката агенција, работи како државен советник во ОТА.

Во периодот  од ноември 2008 до март 2019 година работи на работни позиции како раководител, правен експерт и офицер за заштита на личните податоци во реномирани компании од телекомуникациската  индустрија како дел од Телеком Словеније и Телеком Австрија Групациите (Он.нет, Космофон, Оне, оне.Вип/А1 Македонија).

Претходно работи во Здружението на јавните обвинители на Република Македонија како Правен/Проектен Асистент на имплементација на проекти на Набљудувачка мисија на ОБСЕ во Скопје.

Марија Јаническа е дипломиран правник на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, каде е магистранд на катедрата по деловно право.

Активно ги зборува англискиот и српскиот јазик и има познавања од албанскиот и германскиот јазик.

Мажена е и мајка на две деца.

Родена е во Скопје, во 1978 година.

 

 

ПОРАНЕШНИ ДИРЕКТОРИ

 

Зоран Ангеловски     (07.09.2018 - 07.09.2023)

Директор Зоран АнгеловскиЗоран Ангеловски е роден во 1965 година во Скопје, со завршен Факултет за безбедност во Скопје. Во својата 29-годишна работна кариера, Ангеловски работел во Службата за државна безбедност (сегашна АНБ), Агенцијата за разузнавање и Телеком, а од 2008 година работи за по домашни и странски компании како надворешен овластен lid auditor за спроведување ISSO стандарди во РС Македонија. Тој раководи и ја претставува ОТА, ја организира и обезбедува законито и ефикасно вршење на работите и задачите во ОТА.

 

 

 

Име и презиме: Зоран Ангеловски

Година и место на раѓање: 1965, Скопје

Образование:

  • Факултет за безбедност, Скопје;

Работно искуство:

  • Служба за државна безбедност (сегашна АНБ);
  • Агенција за разузнавање;
  • Македонски Телеком;
  • надворешен овластен „lid auditor“ за спроведување ISSO стандарди во РС Македонија за повеќе домашни и странски компании.