Оперативно-техничката агенција Скопје (во натамошниот текст ОТА) е законски основана со Законот за ОТА („Службен весник на Република Македонија“ бр. 71 од 19.4.2018 година), а започна со работа на 1.11.2018 година.
Нејзиното формирање има за цел да се оневозможи каква било злоупотреба на мерката следење на електронските комуникации на граѓаните од страна на овластените органи за следење на комуникациите или операторите. Во нејзиниот домен на заштита се само електронските облици на комуникации помеѓу граѓаните.