Оперативно-техничка агенција Скопје (ОТА) е законски основана со Законот за ОТА, а започна со работа на 1.11.2018 година. Нејзиното формирање има за цел да се оневозможи каква било злоупотреба на мерката следење на електронските комуникации на граѓаните од страна на овластените органи за следење на комуникациите или операторите. Во нејзиниот домен на заштита се само електронските облици на комуникации помеѓу граѓаните...
повеќеСЕРВИСИ
ДИРЕКТОР
Марија Јаническа е избрана за директорка на Оперативно-техничката агенција со Одлука на Собранието на Република Северна Македонија од 27.11.2023 година. Повеќе ...
Денеска (01.10.2024) во просториите на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија пред Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски, основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје Гаврил Бубевски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев и директорката на Оперативно-техничката aгенција Марија Јаническа...
Претставници на Собранието на РСМ во посета на ОТА
Во просториите на Оперативно-техничката агенција Скопје беше извршена редовна контрола од страна на собраниската Комисија за надзор над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана, со која претседава пратеникот Емил Димитриев.
Директорот на ОТА на средба со собраниската комисија
Директорот на новоформираната Оперативно-техничка агенција, Зоран Ангеловски, денеска ќе има средба со членовите на собраниската Комисија за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана.
Комисија за пренос од УБК во ОТА
Владата донесе одлука за формирање Комисија за пренос на техничките уреди за следење на комуникации и на техничката документација од Управа за безбедност и контраразузнавање во Оперативно-техничката агенција (ОТА), која беше формирана со посебен закон со цел да се реформира процесот на следење на комуникациите и да се спречат наматошните злоупотреби при спроведувањето на овие мерки.