Акредитацијата на комуникациско-информацискиот систем за безбедно ракување и размена на класифицирани информации
На 10.01.2025 година во просториите на Царинската управа се одржа состанок помеѓу директорката на Оперативно-техничката агенција Марија Јаническа и директорот на Царинската управа Бобан Николовски.

Тема на состанокот беше акредитацијата на комуникациско-информацискиот систем за безбедно ракување и размена на класифицирани информации. На состанокот беше изразено обострано задоволство во поглед на меѓусебната соработка на двете институции, како и во однос на напредокот постигнат во изминатите месеци во врска со имплементацијата на системот, чија цел е унапредување на борбата против организираниот криминал и корупција.

