На 27.06.2025 година во организација на Оперативно-техничката агенција со поддршка на ДЦАФ-Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор беше организиран настан на тема: “Пoддршка и поттикнување на користењето на воспоставениот акредитиран систем за пренос на класифицирани информации: Предности, можности и предизвици”.
Настанот имаше за цел да го поттикне користењето на веќе воспоставениот систем со кој се овозможува ефективна меѓу-институционална поврзаност како ефикасна и сигурна платформа за подготовка и размена на документација помеѓу релевантните чинители во процесот на иницирање и одобрување на предлозите, барањата и судските наредби за спроведување на мерките за следење на комуникациите.
На настанот присуствуваа претставници од правосудната полиција, надлежните обвинителства и судови











