РАБОТНА ПОСЕТА И СОСТАНОК МЕЃУ ОТА И СОВЕТОТ ЗА ГРАЃАНСКИ НАДЗОР

By otadmin , 13 Мај, 2026
Соопштение
На ден 12.05.2026 година во просториите на Оперативно-техничката агенција (ОТА) беше остварена посета од страна на Претседателот и членови на Советот за граѓански надзор.

Притоа, на одржаниот иницијален работен состанок за претставување и поставување на почетна работна рамка, директорот на Оперативно-техничката агенција и претседателот и членовите на Советот за граѓански надзор ја афирмираа заедничката цел – јакнење на довербата кај јавноста преку редовен и ефективен граѓански надзор.

Директорката на Оперативно-техничката агенција Марија Јаническа истакна дека надзорот е комплементарен со стратешката мисија на ОТА и во функција на јавниот интерес и заштита на правата на граѓаните. Во таа насока  беше манифестирана подготвеноста на ОТА за целосна достапност и споделување на сите практични искуства со Советот, со цел придонес кон градење функционален систем на спреги и кочници. 

Присутните претставници на Советот за граѓански надзор ги презентираа своите почетни позиции, преку тековни подготвителни активности, планови за размена на компаративни искуствакако и првични состаноци со надзоруваните органи почнувајќи со овој состанок со ОТА.

Двете страни остануваат посветени на континуирана комуникација, со цел воспоствување на професионални стандарди во надзорниот процес.