Директорката на ОТА Марија Јаническа оствари официјална средба со Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески
Директорката на ОТА Марија Јаническа оствари официјална средба со Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески, на која дискутираа за соработката меѓу двете институции, клучна како гарант на ефикасноста на системот за следење на комуникациите за потребите на кривичната постапка и интересите на одбраната и безбедноста со почитување на основните човекови слободи и права.
Двајцата оценија дека соработката до сега се одвива квалитетно и непречено, со можности за нејзино унапредување во повеќе области, како што е поголема искористеност на дигитализираниот систем во процесот за спроведување на мерките за следење на комуникациите.