Директорката на Оперативно-техничката агенција (ОТА) Марија Јаническа и директорот на Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП) Nakil Fetai потпишаа Меморандум за соработка.
Со потпишувањето на Меморандумот, се демонстира јасна заедничка институционална заложба и посветеност кон едукацијата, превенцијата и унапредувањето на заштитата на личните податоци, приватноста и човековите права.
Во време кога технолошкиот развој, дигиталната трансформација и вештачката интелигенција (AI) отвораат нови можности, но и нови предизвици, знаењето, информираноста, како и меѓуинституционалната соработка се од особено значење за градење на отпорни и одговорни институции.
Меморандумот за соработка претставува инвестиција во довербата и безбедноста и основа на која преку обуки, размена на знаења, консултативни мислења и активности, агенциите целат да придонесат кон превентивно делување, јакнење на интегритетот и создавање организациска култура на одговорност.