Јавна расправа по Предлог-ПРАВИЛНИК за начинот на постапување на операторите

10.07.2019
Јавна расправа по Предлог-ПРАВИЛНИК за начинот на постапување на операторите при спроведување на мерките за следење на комуникации и начинот на вршење стручен надзор од ОТА

Оперативно-техничката агенција Скопје (ОТА) го објавува Предлог-Правилникот за начинот на постапување на операторите при спроведување на мерките за следење на комуникации и начинот на вршење стручен надзор од ОТА на јавна расправа со период на траење од 30 дена, и тоа:

 

 

  • Почеток на јавната расправа: 10.7.2019 година;
  • Крај на јавната расправа: 9.8.2019 година.

 

Дополнителни информации:

Коментарите, мислењата, забелешките и сугестиите во однос на содржината на Предлог-Правилникот може да ги доставите во писмена форма на адресата на Оперативно-техничка агенција Скопје: ул. „Орце Николов“ бр. 48 1000 Скопје, или во електронска форма на електронската адреса: [email protected].

Лице за контакт: Мартина Јаневска

До содржината на предметниот Предлог-ПРАВИЛНИК можете да пристапите на следнава [врска].