Соработка

Меѓународна Соработка

Оперативно-техничката агенција соработува со странски државни органи, организации од други држави со сродна дејност и други меѓународни организации од областа на безбедноста, информатичката безбедност и телекомуникациите.

 

 

Меѓуинституционална соработка

Оперативно-техничката агенција во извршување на работите од својата надлежност соработува со Собранието на Република Северна Македонија, Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, Граѓанскиот совет, Народниот правобранител, Врховниот суд, Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Царинската управа, Финансиската полиција, Дирекцијата за безбедност на класифицирани информациии, Дирекцијата за заштита на личните податоци и други инспекциски и државни органи.