Медиуми
Директорот на ОТА на средба со собраниската комисија
Директорот на новоформираната Оперативно-техничка агенција, Зоран Ангеловски, денеска ќе има средба со членовите на собраниската Комисија за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана.
Комисија за пренос од УБК во ОТА
Владата донесе одлука за формирање Комисија за пренос на техничките уреди за следење на комуникации и на техничката документација од Управа за безбедност и контраразузнавање во Оперативно-техничката агенција (ОТА), која беше формирана со посебен закон со цел да се реформира процесот на следење на комуникациите и да се спречат наматошните злоупотреби при спроведувањето на овие мерки.