Владата донесе одлука за формирање Комисија за пренос на техничките уреди за следење на комуникации и на техничката документација од Управа за безбедност и контраразузнавање во Оперативно-техничката агенција (ОТА), која беше формирана со посебен закон со цел да се реформира процесот на следење на комуникациите и да се спречат наматошните злоупотреби при спроведувањето на овие мерки.