Скопје, 7.7.2022 г. -беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу директорот на ОТА г. Зоран Ангеловски и министерот за правда на Република Северна Македонија д-р Никола Тупанчески.
Со овој Меморандум, двете институции ги потврдуваат заедничките заложби за соработка за поголема ефикасност во спроведувањето на процесот на дигитализација, електронска размена на податоци и информации, унапредување на комуникациски технологии, како и институционална и техничка поддршка.