Потпишан меморандум за соработка помеѓу МИОА и ОТА

28.07.2022
OTA-MIOA

Скопје, 27.07.2022год. - Министерството за информатичко општество и администрација на Република Северна Македонија и Оперативно-техничката агенција потпишаа меморандум за соработка.

Овој Меморандум ја изразува подготвеноста на институциите за соработка и заложба за придонесување кон поголем степен на дигитализација и примена на ИКТ технологии и решенија во постапувањето и комуникацијата, како и за унапредувањето на сајбер безбедноста на национално ниво, преку зајакнување на капацитетите и развој на решенија за справување со сајбер закани, сајбер одбрана односно обезбедување на сигурен сајбер простор.