Претставници на Собранието на РСМ во посета на ОТА

19.07.2019
Претставници на собранието на СРМ, во посета на ОТА

Во просториите на Оперативно-техничката агенција Скопје беше извршена редовна контрола од страна на собраниската Комисија за надзор над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана, со која претседава пратеникот Емил Димитриев.

Во согласност со процедурите, Комисијата констатираше дека во 2019 година во ОТА се активирани вкупно 258 комуникации и дека во моментот кога е извршена контролата во ОТА се следат вкупно 159 комуникации кои биле активирани во 2018 и 2019 година и кои се покриени со соодветни судски наредби.

„Следењето на комуникациите е максимално безбедно и без можност за злоупотреби“, беше истакнато на заедничката прес-конференција по посетата.

Воедно, г. Димитриев истакна дека се во исчекување на потпишување договор за ангажирање ИТ-експерт кој ке и помага на Комисијата при следните контроли, а кој е веќе селектиран, но се чека на потписот на претседателот на Собранието.

Од страна на директорот на Агенцијата г. Зоран Ангеловски беше истакнато дека ОТА се залага за максимална транспарентност и контрола во својата работа.