Оперативно-техничката агенција Скопје (ОТА) го објавува Предлог-Правилникот за начинот на постапување на операторите при спроведување на мерките за следење на комуникации и начинот на вршење стручен надзор од ОТА на јавна расправа со период на траење од 30 дена, и тоа:
- Почеток на јавната расправа: 10.7.2019 година;
- Крај на јавната расправа: 9.8.2019 година.
Дополнителни информации:
Коментарите, мислењата, забелешките и сугестиите во однос на содржината на Предлог-Правилникот може да ги доставите во писмена форма на адресата на Оперативно-техничка агенција Скопје: ул. „Орце Николов“ бр. 48 1000 Скопје, или во електронска форма на електронската адреса: [email protected].
Лице за контакт: Мартина Јаневска
До содржината на предметниот Предлог-ПРАВИЛНИК можете да пристапите на следнава [врска].