Оперативно-техничка агенција Скопје (ОТА) е законски основана со Законот за ОТА, а започна со работа на 1.11.2018 година. Нејзиното формирање има за цел да се оневозможи каква било злоупотреба на мерката следење на електронските комуникации на граѓаните од страна на овластените органи за следење на комуникациите или операторите. Во нејзиниот домен на заштита се само електронските облици на комуникации помеѓу граѓаните...
повеќеСЕРВИСИ
ДИРЕКТОР
Марија Јаническа е избрана за директорка на Оперативно-техничката агенција со Одлука на Собранието на Република Северна Македонија од 27.11.2023 година. Повеќе ...
Владата донесе одлука за формирање Комисија за пренос на техничките уреди за следење на комуникации и на техничката документација од Управа за безбедност и контраразузнавање во Оперативно-техничката агенција (ОТА), која беше формирана со посебен закон со цел да се реформира процесот на следење на комуникациите и да се спречат наматошните злоупотреби при спроведувањето на овие мерки.